Петар Прерадовиќ – биографија и осврт кон поезијата

Петар Прерадовиќ е роден во 1818 во областа  Грабовница, Хрватска и претставува еден од најистакнатите поети кои твореле во периодот на хрватската народна преродба уште позната под името илирско движење. Неговиот татко бил офицер во австриска служба, па по неговата смрт, малиот Петар ја наследил војничката професија на својот татко. Откако го завршил основното образование... Continue Reading →

Струшкиот говор претставен преку поезијата на Константин Миладинов

Дијалектологијата (од грчки: диалектос=говор, наречје и логос=збор, наука) е дел од лингвистиката што ги проучува народните говори на одделни јазици. Таа ги проучува дијалектите, нивната појава, историскиот развој, како и  оформувањето на национални јазици од дијалектите. Важно е да се напомене дека дијалектите се природна појава на јазикот и тие не се јазични грешки, туку... Continue Reading →

Поезијата на Кочо Рацин

Кочо Рацин е клучната личност на македонската литература во периодот меѓу двете светски војни кој едновремено остварил и редица дејности од историски значење за развитокот на новата македонска национална култура во целина. Тој е меѓу првите наши поети што пишува на приближно чист македонски јазик како директен приемник на Мисирковите ставови. Покрај прозната, Рацин оставил... Continue Reading →

Кон делото на Никола Јонков Вапцаров

Првите дваесеттина години од почетокот на 20 век се покажале кобни за Македонија и македонскиот народ. Тука, пред сѐ, станува збор за двете Балкански војни чиј резултат бил Букурешкиот мировен договор, но и Првата светска војна која на Македонците им донела само страдање. И покрај тешките услови во кои се наоѓаат Македонците во овој период,... Continue Reading →

Животниот пат на Кочо Рацин

Коста Апостолов Солев, во литературата познат под псевдонимот Рацин или поточно Кочо Рацин е роден 1908 година во Велес, во семејството на трудољубивиот грнчар Апостол и аргатката Марија. Апостол го прехранувал своето семејство работејќи во своја грнчарска работилница, но војните што следувале ја довлекле и сиромаштијата во домот на Апостола, при што некаде околу 1918... Continue Reading →

Читање на драмата „Црнила“ како сказна – функции на ликовите според Проп

Во следниов текст е понудено едно инакво читање на драмата Црнила од Коле Чашуле, односно станува збор за експериментална тема - можноста за читање на драмата како сказна, според моделот на рускиот истражувач Владимир Проп. Со книгата Морфологија на сказната, објавена во 1928 година, Владимир Проп нуди еден модел според кој може да се анализираат сите сказни... Continue Reading →

Дел 7. „Вештерот“ од Сапковски во гејмерска индустрија

Пред неколку години повеќето немаа слушнато за Сапковски, кога некој ќе го споменеше „The Witcher“ прво им текнуваше на видео играта. Кога студиото CD Projekt Red ги откупиле правата од Сапковски, самиот автор бил скептичен во врска со нивниот успех, па така побарал веднаш да му го исплатат неговиот дел наместо да зема процент. Како... Continue Reading →

Дел 6. „Вештерот“ од Сапковски – Оксенфуртска академија, едукативен центар

Оксенфурт важи за еден од најдобрите студентски градови во светот на „Вештерот“. Академијата е изградена од страна на елфовите, за кои се смета дека имаат изострено око за архитектура. Како отсеци се појавуваат: отсекот за алхемија, природна историја, поезија, медицина и фармација (билјарство), право, техника, филозофија и натприродни појави. Не би требало нешто многу да... Continue Reading →

Дел 5. „Вештерот“ од Сапковски – за вештерските знаци

Вештерските знаци се вид на магија, но за која не треба преголема концентрација и посебен талент. Вештерите ги користеле за напад и одбрана, но не би можеле да ги користат доколку не би ги носеле своите медалиони.  АРД – Зборот „aard“ во стариот говор значел планина, погоре, најголем. Со помош на овој знак може да... Continue Reading →

Уникатноста на романот „Ќерката на Математичарот“ од Венко Андоновски

Романот „Ќерката на Математичарот“ од македонскиот писател и книжевен теоретичар Венко Андоновски првично е издаден во 2013 година од издавачката куќа Табернакул. Станува збор за мошне необичен роман, односно роман-уникат во македонската книжевност, како од печатарски, така и од содржински апсект. Најпрвин, она што е необично во врска со ова дело на Андоновски е неговата... Continue Reading →

Blog at WordPress.com.

Up ↑

Create your website with WordPress.com
Започни