Поезијата на Кочо Рацин

Кочо Рацин е клучната личност на македонската литература во периодот меѓу двете светски војни кој едновремено остварил и редица дејности од историски значење за развитокот на новата македонска национална култура во целина. Тој е меѓу првите наши поети што пишува на приближно чист македонски јазик како директен приемник на Мисирковите ставови. Покрај прозната, Рацин оставил и прилично богата поетска дејност, а неговото творештво е сврзано со конкретните општествено историски услови под коишто проникнува неговата литературна дејност. Понатаму во текстот следува преглед на неговото поетско творештво.

Антологија на болката (1928-1929) е првата стихозбирка на Рацин напишана во неговата младост и останала во ракопис. Таа е составена од  24 песни, од кои 19 песни се напишани на српскохрватски и пет песни се напишани на бугарски. Антологија на Болката е напишана во времето помеѓу февруари и јули 1928 година под псевдонимот Рацин како што ќе напише во една своја картичка 1928 година  „Го земам твоето име како мое, и за тоа ти подарувам бесмртност“- така и ќе остане за довек. Дваесетгодишникот од Велес, кој од 1928 па сè до својата смрт ќе го носи своето презиме Рацин, а истовремено ќе ја носи болката на една невозвратена љубов од Рахилка Фирфова – девојката на која се посветени стиховите. Меѓу другото, Антологија на болката се состои од пренагласена емоција и вербална ерупција низ кревки лирски кажувања, коишто содржат голема интимност.

Raca1 fin

Фотографија од Рахилка Раца Фирфова на средношколска возраст

Стихови од младините (1928-1929) се тиресет и една поштенска картичка како сведоштво за неостварената Рацинова љубов. Станува збор за околу 600 редови во стих и проза, пишувани со мастило и крв врз малите бели латици на поштенските картички, испраќани и помеѓу октомври 1928 и март 1929 година до младата велешанка Рахилка Раца Фирфова. Ситховите и записите се пишувани на српски јазик. Овој драгоцен корпус стихови што потекнува од времето на неговата младост, треба да се укаже на нивното значење како надополна на збирката Антологија на Болката која потекнува од истиот период. Според тематско-мотивската класификација, овие стихови се чисто љубовни.

ГО ЗЕМАМ ТВОЕТО ИМЕ КАКО МОЕ, А ТЕБЕ ТИ ПОДАРУВАМ БЕСМРТНОСТ“ - ЉУБОВНИТЕ ПИСМА НА КОЧО РАЦИН ДО РАЦА ПРВПАТ НА ИЗЛОЖБА ВО НУБ - Сакам Да КажамГО ЗЕМАМ ТВОЕТО ИМЕ КАКО МОЕ, А ТЕБЕ ТИ ПОДАРУВАМ БЕСМРТНОСТ“ - ЉУБОВНИТЕ ПИСМА НА КОЧО РАЦИН ДО РАЦА ПРВПАТ НА ИЗЛОЖБА ВО НУБ - Сакам Да Кажам

Огномет (1928 – 1938) има седум песни, за кои Александар Спасов смета дека се циклус, но, немаме никаде таква информација, бидејќи овие песни никогаш не  биле издадени како збирка, ами биле издавани во различни години.

  1. Синови глади / Синови на гладот – 1928 година, првата негова печатена песна, во загрепското списание „Кртика“.
  2. Из фабрике / Од Фабриката, (1930) во сараевското списание „Снага“.
  3. У предверје / Во приквечерината, (1930) во сараевското списание „Снага“.
  4. Челичном Строју / Кон челичната машина (1930) во сараевското списание „Снага“.
  5. Ватромет / Огномет (1932) во поетскиот зборник 1932.
  6. Смрт астуријског рудара / Смртта на астурискиот рудар (1938) во загрепското списание „Радник“.
  7. Балада о стопи / Балада за стапалката (1938) во Белград.

Интересното е што во овие неколку песни се преплетуваат исти мотиви и теми. Тоа се револуционерно борбените мотиви, желбата и надежта за подобро утре, социјалните мотиви, мотивте на угнетеност и експлоатација, но и космополитизмот на самиот Рацин. Тоа може да се согледа во песната Смртта на астурискиот рудар. Неодминлив е подемот на капитализмот, а со тоа и на машините, но и подемот на фашизмот а со тоа реакцијата за слобода, секако поткрепена со револуционерните социјалистички идеи. Меѓу другото, она што е уште важно за овие песни е фактот што тие во себе содржат експресионистички елементи. Повеќе за експресионистичките елементи во неговата поезија, може да се најде во книгата Рацин и експресионизмот (Скопје: Менора, 2000) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Раца Фирфова-Ѓоргова не е единствената голема љубов на Рацин - Нова Македонија

Бели мугри (1939). Стихозбирката Бели Мугри на македонски јазик ја издава на Рацин во декември, 1939 година во Самобор (крај Загреб) во печатницата на Драгутин Шпулер. Тиражот изнесувал 4 000 примероци кои по илегални канали била растурана ширум Југославија, но и во Пиринска Македонија. Веднаш по печатењето била забранета од страна на државниот обвинител во Загреб бидејќи била печатена нецензурирано, без одобрение на власта, но и поради револуционерната и книжевна дејност на Рацина која била под надзор на полицијата. И покрај таквите забрани, појавата на оваа збирка била поздравена од повеќето српски и хрватски гласила, како исклучителен настан, а сред лево ориентираните писатели и публицисти со искрени симпатии и восхит. Ова капитално дело на Рацина содржи 12 песни во кои е изразит револуционерниот карактер на самиот поет поради жигосувањето на социјалните неправди над својот народ, особено во повикот на борбена акција за рушење на постојаниот капиталистички поредок, а од друга страна, пак, во збирката е проектиран идејниот растеж на самиот работник од ропски потиснат аргат во активен борец за слободен живот. Основното мотивско јадро во конкретнава збирка е животот на црнотрудовиот македонски народ во периодот помеѓу двете светски војни. Според Конески, „Рацин обработува ист круг на мотиви, тој длаби една тема и исполнува една иста рамка“. Насловите на песните од поетската збирка се следните:

Бели мугри — Википедија

  1. Денови
  2. Печал
  3. Селска мака
  4. Тутуноберачите
  5. Ленка
  6. Проштевање
  7. Балада за непознатиот
  8. Елегии за тебе
  9. Утрото над нас
  10. Татунчо
  11. На Струга дуќан да имам
  12. Копачите

Зборник на народни песни (1943). Оваа збирка е составена за времето кога тој бил партизан, работејќи во илегланата печатница. Збирката е издадена во 2 тома. Првиот том има 20 песни, а вториот том 11. Овие книги во себе содржат познати револуционерни песни, адаптирани за условите на борбата против новите поробители. Меѓу песните се наоѓа и химната на Македонија, напиша во 1941 од страна на стружанецот Владо Малески.

Песни вон збирките и циклусите се, всушност, стиховите на Рацин кои ги објавувал од 1928 година па сè до годината на неговата смрт 1943. Во оваа група стихови припаѓаат 17 песни напишани на македонски јазик и 3 песни напишани на српски јазик. Овие дваесеттина песни не влегуваат во составот на претходните авторски поетски целини кои биле објавувани низ годините во различни списанија ширум Југославија. Ова се песни кои имаат  слични мотиви со поетската збирка Бели Мугри. Во прилог следуваат неколку песни што тој ги напишал.

  1. Бити човек / Да бидеш човек во 1930 во босанското списание „Снага“. Всушност оваа песна претставува прототип за песната До еден работник. Ова песна е со социјален мотив, изразен е подемот на капитализмот, социјалната неправда и сл.
  2. До еден работник е песната со која дебитирал на македонски јазик. Таа е објавена 1936 година, во загрепското списание „Књижевник“, со истиот мотив и скоро истата содржина.
  3. Тутунови берачи исто на македонски јазик, објавена во Загреб 1937 година.
  4. Сандански – со патриотски мотиви, Испанска Балда, Сказна, Монополци и др.

Иако самоук, тој успева да се издигне на врвот на македонската интелигенција меѓу двете светски војни, притоа, покрај македонски, станува и писател познат и ценет во сите југословенски средини. Рацин постигнал високи литературно естестки резултати, творејќи ги нашите најродољубиви и најхуманистички песни.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

Up ↑

Create your website with WordPress.com
Започни
%d bloggers like this: